Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски упати честитка по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.
Во честитката од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија го честитам празникот и посакува празнично расположение, исполнето со многу здравје, успех и просперитет.
– Со одбележувањето на Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 Септември ја повторуваме нашата цврста определба кон почитување на сите етнички заедници кои живеат во Република Македонија, вклучително и вашата. Придобивката е заедничка кога се почитува идентитетот, културните и општествените специфичности на сите заедници кои живеат во нашата држава.
Нашата цел е да ги афирмираме и унапредуваме овие односи, заедно да градиме доверба, а со тоа сигурна и просперитетна иднина на сите идни генерации, стои во честитката.
Во неа истакнува дека како припадници на бошњачката заедница заедно со останатите етнички заедници имаат значаен придонес во сите општествени свери за создавање на услови за подобар и поквалитетен живот во Република Македонија.
– Сите ние заедно мора да сме насочени кон промовирање на еднаквост за сите граѓани. Со тоа значително придонесуваме кон трасирање на демократскиот пат на евроатланската интеграција, наведува претседателот на Собранието во честитката.