Честитка од Вељаноски по повод Денот на Бошљаците – 28 септември

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска по повод Меѓународниот ден на Бошњаците 28 Септември упати честитка до сите припадници на бошњачката заедница во Македонија.

– Со задоволство сакам да истакнам дека со одбележување на овој ден се афирмира идентитетот и културата на Бошњаците во Македонија која е постоечка заедница во нашето мултиетничко општество и ги претставува добрите односи кои ги негуваат Македонците и останатите етнички заедници. Можам слободно да истакнам дека е потребно континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на граѓаните од различна етничка и верска определеност, како и на почитување на моралните и духовни вредности, вели Вељаноски во честитката.

Уверен сум, додава претседателот на македонскиот Парламент, дека заедничка ни е определбата, во градење на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискри­минацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска