Честитка од Вељаноски по повод Денот на наставата на турски јазик

Од:

Претседателот на Собранието на Трајко Вељаноски денеска до претставниците на турската етничка заедница во Република Македонија упати честитка по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.

– Еден од основните елементи на секој народ е јазикот, како средство кое сплотува и ја определува заедницата. Во денешните процеси на меѓукултурно поврзување, јазичните вредности што ги создава еден народ се несомнено дел од културниот плурализам, како во Македонија, така и многу пошироко. Со можноста која ја има турската етничка заедница во Македонија, но и другите заедници во државата, да се образуваат, творат и напредуваат на својот мајчин јазик, не само што се унапредуваат ваквите вредности, туку се моделира и демократски концепт кој е препознатлив, поздравен, почитуван и вреднуван и во светски рамки, воедно придонесувајќи за зацврстување и унапредување на меѓучовечките односи, толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани во Република Македонија, вели во честитката ппретседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска