Честитка од Вељаноски по повод Денот на албанската азбука

Од:

По повод Денот на албанската азбука, претседателот на Собранието на Република Македонија денеска упати честитка до сите припадници од албанската заедница кои живеат во земјава.

„Основни елементи на еден народ претставуваат азбуката и јазикот, и преку нив ги покажуваме културните особености и разлики, но денес тие веќе се алатки на соработката, мост на сплотувањето, верувања и традиции. Денеска албанскиот јазик е дел од јазичниот колаж во Република Македонија и истиот докажува дека Република Македонија е мултиетничка држава и ги почитува сите заедници во земјата“, се вели во честитката од Вељаноски.

Во неа се додава дека одбележувањето на овој празник ги потврдува заедничките заложби за зацврстување и унапредување на меѓучовечките односи, толеранцијата и соживотот меѓу сите граѓани на Република Македонија.

„Сите ние ќе дадеме придонес во унапредување на можностите за подобар живот на нашите граѓани, и за изградба на силна, напредна, модерна и европска Република Македонија“, истакнува претседателот на Собранието на Република Македонија во честитката до припадниците на албанската заедница во Македонија.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска