Честитка од Вељаноски по повод Богојавление – Водици

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски  упати честитка до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, свештенството и до сите православни верници.

– Големиот водосвет е Божествената тајна и значаен настан од животот на спасоносното дело на земјата кога со осветувањето на водите се осветли и човековиот живот. Симболиката на чистината, да ја прочисти човековата душа и да ги зближи и обедини луѓето, да преовладее меѓусебната трпеливост и слога, преку кои ќе овозможиме среќен и благодетен живот. Ние денес да продолжиме да ја славиме длабочината и цврстината на нашата верба како најголема сила за да се издржат сите предизвици и искушенија, наведува во честитката Вељаноски.

Јакнењето и вербата пак, како што додава Вељаноски, не води кон почитување и залагање за вистинските вредности и воедно кон разбирање со блиските, но и различните од себе.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска