Честитка од СДСМ по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска по повод Меѓународниот ден на Бошњаците упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на бошњачката заедница.

– Дозволете ми во лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, по повод Меѓународниот ден на Бошњаците – 28 септември, на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија да им го честитам овој голем ден со искрени желби за успешно промовирање, негување и ширење на бошњачката култура и традиција во Република Македонија, стои во честитката.

Бошњаците, како што се додава, имаат значаен придонес во градењето на македонската држава и во негувањето на различностите и меѓуетничката толеранција во нашето општество преку промовирањето на сопствените културни вредности.

– Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример на нашите деца и праќаме порака за почитување и соживот во Република Македонија, наведуваат од СДСМ во честитката, во која упатуваат искрени желби за добро здравје, меѓусебно почитување и разбирање, мир и општа благосостојба на сите граѓани на Република Македонија“.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска