Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод Денот на независноста

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски од свое лично име и од името на пратениците денеска упати најискрени честитки по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

– Одбележувањето на 8. Септември е наша заедничка можност да ги реафирмираме зедничките вредности и да ја обликуваме заедничката свест кон овој историски ден. Осми септември е денот на нашата најголема современа победа и остварување на сонот на најдемократски начин, преку референдум и решителност на граѓаните на Македонија да создадат своја независна држава, Република Македонија. Нас ни беше доверено да го реализираме стремежот на многу генерации и херои во содавањето на современа демократска држава, во која ќе има хармонија и разбирање, сплотеност и единство, визија за напредна и силна Македонија, стои во честитката од Вељаноски.

Денес, гордо и заслужено го одбележуваме овој ден, но, се потенцира, мора да сме насочени кон чување на нашиот идентитет, културното и духовното наследство и нашата независност.

– Тоа е нашата морална обврска кон нашите предци, но и обврска за нашите поколенија. Јас сум уверен дека наша заедничка цел е да ја воздигнеме Република Македонија во држава на која ќе сме горди, и во која посветено ќе работиме во успешно надминување на сите препреки и предизвици кои ќе следат. Нека ни е честит Денот на независноста, Нека ни е вековита Република Македонија, се посочува во честитката од претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска