Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Еврејската заедница во Македонија.

– Во пресрет на големиот еврејски празник Јом Кипур, имам особена чест и задоволство од мое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница, да Ви упатам најискрени желби за мир, љубов и среќа.

Во овие празнични мигови бидете исполнети со духовен мир, надеж и со убави и чисти мисли.

Силно сум убеден дека заеднички можеме да го одиме патот кон просперитетот и развојот на нашата држава. Преспективна иднина за нас и нашите деца можеме да имаме само ако меѓусебно се почитуваме, безусловно се подржуваме и заеднички да ги делиме вредностите на разбирањето, мирот и толеранцијата, се вели во честитката од Вељаноски до припадниците на Еврејската заедница во Македонија.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска