Честитка од претседателот Иванов за Денот на народното востание

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, упати честитка до граѓаните на Република Македонија.

– И годинава, после 72 години од воведот во организираната народно-ослободителна борба, со почит и особена гордост се сеќаваме на сите синови и ќерки на Македонија, на сите чеда на нашата татковина, кои учествуваа во големата борба за слободна Македонија. Во 1941 македонскиот народ активно се вклучи во големата антифашистичка коалиција составена од слободољубиви народи и држави. Коалиција, која успеа да ја порази оската на злото. Со победата над фашизмот, нашата млада Република доби можност рамноправно да застане меѓу слободните нации на Европа и светот, наведува во честитката претседателот Иванов.

Пред Република Македонија, истакнува шефот на државата се уште стојат искушенија и предизвици.

– На нас останува да го продолжиме својот пат, според нашето најдобро знаење и сила. Нека светлината на денешниот ден и понатаму биде водилка во остварувањето на целта. Заедно ги совладавме искушенијата во минатото, заедно ќе се справиме со предизвиците на сегашноста и иднината. Сакам да ја искористам оваа прилика уште еднаш да ви го честитам Денот на народното востание со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и пријатно празнично расположение, се вели во честитката на претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска