А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од премиерот Груевски по повод Националниот ден на Власите

by А1он23/05/2014 - 12:37102
Share0

Премиерот Никола Груевски упати четитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод Националниот ден на Власите – 23. Мај, во која им посакува здравје, успех и благосостојба.

Добивај вести на вибер

Во честитката премиерот наведува дека денешниот празник е уште една можност да ја одбележиме и прославиме долгата традиција на соживот и заедништво која ја имале луѓето и етничките заедници кои во минатото и денес живеат на овие простории на Македонија.

– Влашката култура и посебност си има свој дел, своја улога и своја историја, инкорпорирани со историјата и културата на Република Македонија. Таквата посебност е зачувана и се манифестира во многу општествени сегменти, а денес се прославува и преку 23 Мај – Националниот ден на Власите, стои во честитката.

Премиерот истакнува дека трудољубивоста, солидарноста и прогресивноста се карактеристики на Власите и тоа се обележјата кои нам како држава ни се потребни во процесите на развој и напредок на Република Македонија.

– Ваквите процеси се постојано активни и секој поединец или група имаат свој придонес и своја улога. Сечиј успех, без разлика од каде доаѓа, без разлика дали е мал или голем, е дел од успешната приказна на државата. Токму затоа, сите ние треба да се вложиме себеси за да развиеме една силна и модерна Република Македонија, држава со која ќе се гордеат сите нејзини граѓани и сите идни генерации кои тука ќе живеат, творат и опстојуваат во следните векови. Уверен сум дека на тој пат ќе продолжиме да чекориме заеднички, одлучно и посветено, стои во честитката од премиерот Никола Груевски по повод Националниот ден на Власите.

praznici

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Горан Наумовски05/12/2025 - 14:57

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:05

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on26/12/2023 - 19:58

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска31/05/2023 - 09:13

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен