Честитка од премиерот Груевски по повод католички Велигден

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски упати честитка до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Македонија, Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија кои го прославуваат Христовото Воскресение – Велигден.

– Велигден е празник, кој е длабоко вкоренет и почитуван меѓу христијаните, дел од традицијата на многу семејства. Овој празник не потсетува на бесконечната божја милост за човекот. Пораката пратена од Христос подеднакво силно одекнува низ милениумите до денес, пренесувајќи ни го неговото учење за сплотеност, пожртвуваност, добрина и праведност кои треба да бидат белег и доблест во нашето дејствување на земјата, стои во честитката.

Целта и смислата на животот, се додава, се исцрпува во живеењето во согласност со нашите заеднички христијански традиции и вредности, со безусловна љубов за Бога и за секој човек.

– Тоа е патот кон душевен и меѓучовечки мир и разбирање, пат на меѓусебно почитување, помагање и добрина. Посакувајќи Ви блажени празнични денови, спокој и бериќет на Вас и сите верници Ви го честитам големиот христијански празник Велигден! Нека е за многу години големиот празник. Христос воскресе, се наведува во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска