Честитка од премиерот Груевски по повод Денот на македонските и сесловенските просветители

Од:

Премиерот Никола Груевски лично и во името на Владата на Република Македонија, упати честитка по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

На овој ден, се подвлекува во честитка, се потсетуваме и поклонуваме пред големите светители, мислители и дејци, чиј живот и дело со децении наназад останало да се прераскажува и празнува како едно од најголемите и најзначајните настани во историјата.

– Нивната просветителска улога на културен и на религиозен план ги претставува скалилата по кои голем број народи зачекорија. Меѓу сите тие народи е и македонскиот народ. Преку својата дејност, како изумители на глаголицата и основоположници на словенската писменост, солунските браќа Свети Кирил и Методиј активно допринесоа за верскиот соживот, традицијата и духовниот развој во Македонија, но и во многу други делови во Европа.

– Од тука, празнувајќи го големиот празник 24-ти Мај, да се потсетиме на големината на македонските и сесловенските просветители, да земеме пример од нивната работа и посветеност, да ги чуваме и негуваме вредностите со кои не задолжиле и да помогнеме нашата земја да продолжи да се развива издигнувајќи го образованието и просветувањето како клуч за подобар живот за граѓаните, се вели во честитката упатена од премиерот Груевски, по повод празникот Свети Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска