Честитка од премиерот Груевски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски испрати честитка до припадниците на бошњачката етничка заедница во Македонија по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците.

– Ви посакувам денешниот ден да го поминете во добро празнично расположение исполнето со многу здравје, радост, среќа и бериќет. Со празнување на денот кога претставниците на бошњачкиот народ на вториот бошњачки сабор во Сараево го вратија своето национално име Бошњак, се празнува Вашиот симбол на себеидентификација, сегмент за препознавање и гордост. Овој ден не само што претставува добра можност да ги одбележиме културните специфики и вредности на бошњачката заедница во Република Македонија, туку ја потврдува и нашата определба за нивно негување, стимулирање и надградба, се вели во четитката од премиерот Груевски.

Во оваа прилика тој ги изразува определбите на Владата на Република Македонија за континуирано спроведување на активни и сеопфатни мерки за подобрување на севкупната положба и квалитет на живеење на сите граѓани и етнички заедници во нашата држава, вклучително и на бошњачката етничка заедница која, како што вели, е од битно значење за нашата земја и чии припадници придонесуваат за развојот и напредок во општествените сфери.

– Честитајќи Ви го 28 септември, Ве повикувам, исто како во изминатиот период, заеднички да се вложиме и уште повеќе да придонесеме за нови успеси и радости за нашите граѓани. Да продолжиме со нашите заеднички заложби за унапредување на економскиот раст и стандардот на граѓаните, со реформите и модернизацијата, со создавањето дела и вредности од траен карактер и со стратешките определби за интеграција во европското и евроатланско семејство, со цел изградба на модерна Република Македонија, вели Груевски во честитката.

Нека нашето почитување и взаемно разбирање, додава, не водат по патот на севкупниот развој и напредок на нашата држава, за што и понатаму заеднички ќе работиме и активно ќе придонесуваме. 

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска