Честитка од премиерот Груевски по повод Богојавление Христово – Водици

Од:

Премиерот Никола Груевски по повод големиот христијански празник Богојавление Христово – Водици упати честитка до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, свештенството и до сите православни верници.

– Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба. Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, се наведува во честитката.

– Вербата во вредностите сите нам да ни даде сила за да продолжиме со посветената и одговорна работа, со создавањето дела кои ќе бидат од корист за граѓаните и ќе имаат трајна вредност, да продолжиме да ги спроведуваме реформите кои ќе ги унапредат процесите и ќе ги подобрат условите за живот, ќе овозможат економски просперитет и подобар стандард за граѓаните, со што ќе продолжиме со изградбата и модернизацијата на нашата татковина Република Македонија. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник, стои во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска