Честитка од КОВЗ по повод празникот Свети Климент Охридски

Од:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи упати честитка по повод пазникот Свети Климент Охридски до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква, како и до сите православни верници во земјата и во странство.

– Големото дело на свети Климент Охридски, основоположникот на Охридската книжевна школа и творецот на кирилицата, кое и денес го празнува Македонската православна црква, сведочи за огромниот влог во писменоста и духовноста што овој епископ ги даде на многу народи ширум светот. Затоа, со неизмерната сила и моќ што ни ја дарува свети Кли­мент, да упатиме една силна порака за почитта, доброто и разбирањето помеѓу сите народи, истакнувајќи дека Македонија е голем светилник во големото европско духовно семејство, стои во честитката.

Во неа од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни посакуваат добро здравје, мир и спокоен живот.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска