Честитка од Иванов по повод празникот Бајрам

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов по повод големиот муслимански празник Бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-улема Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

– На сите верници од исламска вероисповед им посакувам овие денови на празнување да ги минат исполнети со добрина, милосрдие, разбирање и љубов, вредности кои ги зближуваат и ги поврзуваат и луѓето и религиите. Убеден сум дека сите заедно ќе продолжиме да ги унапредуваме меѓусебните односи и меѓусебното разбирање, градејќи благородни дела. Токму затоа традицијата, години наназад, говори за заемната меѓусебна почит и за солидарноста, независно од верската и етничката припадност како завет за идните млади генерации, се вели во честитката од Иванов.

Заемното почитување и славењето на празниците на различните верски заедници во земјава, како што подвлекува претседателот, се столб на соработка и соживот. – Тие се поттик за меѓусебно почитување и разбирање, вредности кон кои се стремиме, но и заеднички треба да ги негуваме, додава Иванов.

Честитајќи го големиот исламски празник Рамазан-бајрам, претседателот Иванов, им посакува пријатни празнични денови исполнети со мир и благосостојба.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска