Честитка од Иванов по повод Курбан-Бајрам

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан-Бајрам упати честитка до Поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи.

– Почитуван реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи. Дозволете ми, Вам лично, на членовите на  Ријасетот на Исламската верска заедница и на сите граѓани со исламска вероисповед во земјава да Ви го честитам големиот празник Курбан-Бајрам.

Прославувањето на овој празник нека Ви донесе мир, радост и благосостојба, но и нека ја пренесе пораката за големината на овој празник, а тоа е споделувањето со ближните и сиромашните. Вредностите како милосрдието и простувањето се симболи на човечноста, почитувањето и толеранцијата, кои можеме заеднички да ги градиме преку дијалог и меѓусебна доверба, се вели во честитката од претседателот Иванов.

Честитајќи Ви го Курбан-Бајрам, се додава во честитката, Ве повикувам заеднички да им подадеме рака на оние на кои тоа им е најпотребно.

– Овој празник  во муслиманското верување значи обединување, споделување и отвореност. Тоа се вредностите кои не обврзуваат сите заедно без разлика на нашата вероисповед и верување, вредности кои не спојуваат и не прават човечни и хумани. Нека Ви е честит Курбан-Бајрам, се потенцира во честитката од Иванов до поглаварот на ИВЗ и граѓаните со исламска веоисповед во Македонија.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска