Честитка од Иванов до српската заедница за празникот Свети Сава

Од:

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава упати честитка до претставниците на српската заедница во Република Македонија, соопшти неговиот кабинет.

– „Прославата на Денот на првиот српски архиепископ е можност да се присетиме на делото и на учењето на овој просветител и државник, кој има големо значење за развојот на српската, но и за негувањето и за ширењето на христијанската мисла на овие простори. Република Македонија е пример на овие простори како се почитуваат и како се прифаќаат етничките заедници, вклучително и српската. Српската заедница во Република Македонија и македонската заедница во Република Србија се гарант за добрите односи меѓу двете пријателски држави. Тие се лојални граѓани на своите држави и посветени родољуби на своите народи кои придонесуваат за развојот и за квалитетот на односите меѓу двете држави. Република Македонија и Република Србија имаат долга историска и културна традиција која не може да биде нарушена поради различни ставови по некое прашање.

Изминативе години ни покажаа дека онаму каде што постојат различни ставови и мислења, истите треба да ги решиме по пат на дијалог. Уште еднаш, честитајќи ви го празникот, сакам да ве уверам дека и во иднина ќе продолжиме да ги негуваме меѓусебните односи во духот на добрососедството и блиската соработка меѓу двата народа. На сите граѓани кои го празнуваат Свети Сава како домашна слава им посакувам добро здравје и бериќетна година. За многу години празникот.“, стои во честитката на претседателот Иванов до српската зедница во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски