Честитка од Иванов до Ромпуј за Денот на Европа

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска, по повод 9 мај, Денот на Европа, упати честитка до претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј во која во свое и во име на македонските граѓани пренесува желби за напредок на Европската унија.

– Во оваа свечена пригода, верувам дека треба да се присетиме на приврзаноста на европското лидерство „кон принципите на слобода, демократија и почитување на човековите права и фундаменталните слободи и владеењето на правото“. Во изминатите децении, овие принципи донесоа мир, надеж и единство на нашиот континент, на регионот на Југоисточна Европа и на Република Македонија и нејзиното мулти-етничко, мулти-религиско и мулти-јазично општество, наведува Иванов во честитката.

Искажува благодарност за поддршката и насоките што Европската унија и ги даде на Република Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат  и уверување дека и покрај предизвиците македонските граѓани остануваат недвосмислено посветени на остварување на својот сон за членство во ЕУ.

 – Оваа Европа останува отворена за сите држави. Длабоко се надеваме дека други држави ќе ни се приклучат во нашите заеднички напори,“ се вели во Декларацијата за Европа потпишана од татковците на Обединета Европа во 1951 година. Би сакал да Ве уверам дека македонските граѓани, и покрај предизвиците со кои се соочуваме, остануваат недвосмислено посветени на остварувањето на сонот за членство во напредното европско семејство.

– Очекувам дека во наредниот период ќе можеме да ги започнеме преговорите за членство и дека за таа цел ќе ја имаме Вашата поддршка и поддршката од партнерите во Европската унија. Ве уверувам дека ние не сакаме привилегии, туку истите критериуми кои се применуваа за другите земји-членки на Унијата, истакнува македонскиот претседател во честитката до Ромпуј.

Би можело да ве интересира

Нов топлотен бран ја погоди Европа

Иран ја предупреди Европа: Толерирањето на американските напади нема да ја обезбеди вашата безбедност

Горан Наумовски

Вучиќ: Сите ќе влеземе во ЕУ, но тоа нема да биде наскоро

Посилна Европа, посилно НАТО: Самитот во Анкара со нова визија за безбедноста

Европа се претвора во „печка“: Научниците открија зошто континентот се загрева побрзо од остатокот од светот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Топлотниот бран што ја пустоши Европа се сели кон исток: Германија, Данска и Франција соборуваат рекорди, десетици жртви

Катерина Ѓуровски