Честитка од генералниот секретар на СДСМ Зечевиќ до католичките верници

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, упати честитка до верниците од католичка вероисповед и до сите македонски верници кои денеска го празнуваат христијанскиот празник -Рождеството Христово – Божиќ.

„Христовата светлина нека ги осветли Вашите домови. Ви посакувам празничните денови да ги минете во пријатна атмосфера, исполнети со љубов, семеен спокој и добро здравје.

Како што со раѓањето Бог создал човекољубив дух за зближување, нов почеток и нова надеж, во духот на христијанските вредности да придонесеме во зацврстување на заедништвото меѓу народот и меѓусебно помагање!

Исправени сме пред предизвици коишто само сплотени може да ги надминеме и заедно да обезбедиме сигурна и светла иднина за сегашните и идните генерации.

Водени од вредностите на овој голем празник, од мисијата да се реализира целта којашто носи добробит за сите граѓани, заедно да придонесеме за колективна среќа, безбеден дом, сигурна европска држава”, стои во честитката на Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!