Честитка од Божиновска по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска упати честитка до Светиот Архиерејски Синод и до македонскиот народ по повод Денот на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.

Светите браќа Кирил и Методиј, се посочува во честитката, со својот подвиг, со нивното учителствување ги надминаа сите земни дела и ни подарија слово, азбука, ја воздигнаа нашата вера и ни оставија порака дека само совршените по разум и правоверните можат да ја допрат цивилизацијата.

-Браќата Кирил и Методиј со право се возвишени апостоли на словото и со право се закитени со праведниот венец. Браќата Кирил и Методиј им ја понудија книжевноста и азбучната ризница на сите словенски народи во Европа и станаа образец за светот, а нивните подвизи до ден денес се животворен здив за македонската нација. Нивните свети и возвишени имиња се во молитвите од сите нас и аманетот да се распостели семето на образованието и учењето како наш постојан подвиг, стои во честитката на Божиновска.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска