Честитка од Божиновска до Еврејската заедница по повод празникот Јом Кипур

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска по повод празникот Јом Кипур денеска упати телеграма со честитки до претседателот на Еврејска заедница на Република Македонија, Берта Романо-Николиќ.

Традиционално, се вели во честитката, на Јом Кипур се чита библиската приказна за пророкот Јона кој поминал три дена во утробата на китот притоа длабоко преиспитувајќи се себеси и своите дела.

– Секој од нас е Јона кој со својата гордост и лутина ја отфрла помислата од божјата сомилост и љубов. Но, како што пророкот со молитва и покајание ги променил своите желби и со тоа обезбедил лична слобода, така и ние преку духовна преобразба и промислување на нашите постапки имаме можност за ново духовно раѓање. Прифаќајќи ја идејата дека мирот во светот почнува со личниот мир и преиспитување на своите дела, остваруваме вистинска слобода и ја прифаќаме пораката на овој голем празник. Ви посакувам одбележувањето на најсветиот еврејски празник Јом Кипур, празникот на милоста, покајанието и простувањето, да го минете во здравје мир и среќа, стои во телеграмата со честитки од Божиновска.

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска