Честитка од Ахмети до Рама по повод изборот за премиер на Албанија

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети упати честитка до Еди Рама по повод изборот за премиер на Република Албанија.

– Доброто одвивање на овие избори постави нови демократски стандарди во Албанија кои што ќе и овозможат да добие статус на земја кандидат за членство во Европската унија на Декемврискиот самит. Се надевам и истовремено сум убеден дека Албанија ќе добие и датум за започнување на преговори со Европската унија следната година. Имам задоволство да ја изразам мојата готовност, како и на сите нас од Демократската унија за интеграција за соработка за општото добро и олеснувањето на зближувањето на нашите граѓани во сите полиња, истакнува Ахмети во честитката.

Упатувајќи ги моите изрази на почитување, вели Ахмети, ви посакувам успешна работа и ве осигурувам дека во мене ќе пронајдете пријател и соработник во реализацијата на нашиот регионален заеднички проект за евротлантска интеграција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите