Честитка од Ахмети до Албанија: Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со вас

Од:

Извонредни вести од Луксембург за Албанија, Албанците и целиот регион на југоисточна Европа. Срдечно им честитам на сите Албанци, на премиерот Еди Рама и на целиот тим кој неуморно работеше на отворањето на првото преговарачко поглавје. Посакувам Албанија да работи напорно за да ја постигне целта за членство во Европската унија во 2030 година вели лидерот на ДУИ Али Ахмети во честитката до Албанија за отворање на првиот кластер „Основни вредности“, на меѓувладина конференција ЕУ – Албанија во Луксембург, со што Тирана практично ги почнува преговорите за членство во Унијата.

– Нема потреба да се споменува очајот што Северна Македонија денеска не е заедно со Албанија поради блокирање на нашиот европски пат како резултат на неуспехот да се имплементира преговарачката рамка одобрена од Советот на Европската унија и северна Македонија. Мораме да дадеме се од себе за да ја обезбедиме и запечатиме европската иднина на нашите граѓани, демонстрирајќи лидерство и решителност.
Друга алтернатива нема! Европа е нашиот единствен пат, коментира Ахмети.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он