Честитка на Заев за Меѓународниот ден на Ромите: Заедно ги чуваме различностите, нашето општество се гради на заедништво и солидарност

Од:

По повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите, претседателот на СДСМ, Зоран Заев упати честитка до припадниците на ромската етничка заедница во Република Северна Македонија и до Ромите ширум светот.

„Во овие тешки околности за нашата држава, но и за целиот свет, во мое лично име и од име на СДСМ, на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април.

Нашата држава е градена и продолжува да функционира на темелите на еднаквоста, заедништвото и меѓусебното почитување. Ромите отсекогаш биле составен дел од тој концепт и тоа така ќе продолжи.

Преку вистинските, исправните политики што ги преземаме денес во Република Северна Македонија, Ромите се целосно рамноправни со сите наши граѓани, ги уживаат сите права, го негуваат својот јазик, ја развиваат својата култура и традиција и активно учествуваат во креирањето успешни политики, преку нивните претсавници во централната, извршната но и локалната власт.

Пред нас се исправени уште предизвици, но како одговорна партија СДСМ останува доследни на концептот едно општество за сите.

Само со заедничка работа можеме да ги зачуваме и надградуваме различностите кои се богатство на нашата заедничка држава, со која се гордееме.

Нека е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите! Согласно ситуацијата со коорнавирусот апелирам празнувањето на денешниот ден да биде во согласност со мерките и задолженијата што се на сила. Борбата против коронавирусот е заедничка одговорност на сите нас и бара заедничко делување за заштита на најскапото-здравјето на секој наш граѓанин. Заедно сме и заедно ќе победиме“, се вели во честитката на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он

(ВИДЕО) Димитриевски: Владата на Мицкоски им ги скрати субвенциите на земјоделите за огромни 40 милиони евра

СДСМ: Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски