Честит Илинден

Од:

Македонија денеска ги чествува  двата историски Илиндена -109 години од Илинденското востание и 68 години од Првото заседание на АСНОМ.

Двата меѓника во историјата на Македонија  се одбележуваат во Крушево , на  Пелинце и во Скопје.

На централното чествување на Илинден,  односно големиот народен собир на Мечкин Камен во Крушево ќе присуствува и ќе се обрати претседателот на Македонија Ѓорге Иванов. На чествувањето во Крушево, како и секоја година,  учествуваат коњаниците кои традиционалниот Илинденски марш го почнаа од скопско Горно Лисиче на 27 јули.

Делегација на македонското собрание предводена од претседателот Трајко Вељаноски ќе положи цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во кумановското село Пелинце каде исто така ќе има народен собир.

Македонскиот премиер Никола Груевски ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена борец“, на споменикот на Никола Карев пред Парламентот и на споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на Президиумот на АСНОМ, во центарот на Скопје.

Во битолското село Трново ќе се одржи 41. Светска македонска средба, во организација на Матицата на иселениците, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на Македонците од Егејот „Македон“.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска