А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Чавушоглу: НАТО и ЕУ да не се откажуваат од Македонија поради референдумот

by А1он04/10/2018 - 09:21102
Share0

НАТО и ЕУ не треба да се откажуваат од Македонија поради резултатите од референдумот, туку да ја продолжат поддршката и соработката, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавашоглу.

Добивај вести на вибер

– Ние внимателно ги следевме случувањата. На крајот на краиштата ова е одлука на граѓаните на Македонија и ние тоа мора да го почитуваме. Од друга страна, ниту НАТО, ниту ЕУ не треба да се повлечат од поддршката и соработката со Македонија поради референдумот и резултатите од него. Впрочем, Македонија беше поканета да стане членка на НАТО на последниот Самит со едногласна одлука на сите сојузници, истакна Чавашоглу на заедничката прес-конференција во Анкара со холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок.

Шефот на турската дипломатија истакна дека преговорите за членство во НАТО со Македонија мора да продолжат, а ЕУ мора да посвети поголемо внимание на Западен Балкан.

Турција, рече Чавашоглу, го поддржува напредокот, мирот и стабилноста на државите од Балканот, како и нивната интеграција во НАТО и ЕУ.

eunatoturcija

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Горан Наумовски18/03/2026 - 12:49

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

Горан Наумовски16/03/2026 - 14:28

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Катерина Ѓуровски13/03/2026 - 08:24

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 14:28

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Горан Наумовски08/03/2026 - 18:39

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски08/03/2026 - 13:3508/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен