Чавков и Јане Ченто повторно ќе се жалат до судот за притворите

Од:

Обвинетиот ексдиректор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, и Јане Ченто, претседателот на македонското патриотско здружение „Пере Тошев“, денеска пред апелационите судии треба повторно да објаснат зошто сметаат дека треба да им биде укинат притворот, кој судот им го продолжи по барање на Обвинителството.

Апелациониот суд Скопје минатиот месец донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на осомничените за тероризам и уставно загрозување на уставниот поредок за настаните од 27 парил. Со тоа решение, Митко Чавков и сите останати останаа во притвор.

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 пак, одлучи мерката притвор на Игор Дурловски да му ја замени со куќен притвор, а на пратеничката Жаклина Пешевска место куќен притвор доби мерки за претпазливост.

В. М.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април