ЦГК: Делумно или целосно поништени 23 проценти од тендерите лани

Од:

Минатата година 23 проценти од тендерите се целосно или делумно поништени. Почесто се поништувани поголемите, отколку помалите тендери, покажуваат податоците од извештајот за следењето на јавните набавки што го спроведе Центарот за граѓански комуникации во периодот јуни – декември лани.

Според извештајот, евидентирани се низа примери на проблематични поништувања на тендерите, а речиси секој трет тендер бил со еден понудувач што е последица, пред сè, на малата конкуренција евидентирана во првото полугодие од 2016 година.

– Бирократизацијата на постапките за јавни набавки со барањата согласност од Советот за јавни набавки не губи значително од интензитетот. Во 2016 година договорните органи до Советот за јавни набавки вкупно доставиле 16.067 барања за согласност, што ги чинело вкупно 1,8 милиони евра, информираат од Центарот за граѓански комуникации.

Електронската акуција која треба да се спроведе при сите тендери, во 2016 година била одржана во 55 проценти од мониторираните постапки.

Извештајот укажува и на тоа дека без објавување оглас минатата година биле склучени 605 договори во вкупна вредност од 34,8 милиони евра. Вредноста на овие договори била за 20 проценти повисока од 2015 година.

– Најголемиот договор преку оваа нетранспарентна постапка го има склучено АД Електрани на Македонија за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници, РЕК Битола, во вредност од околу 5,8 милиони евра, посочува Центарот за граѓански комуникации.

До Државната комисија за жалби по јавни набавки доставени биле 557 жалби од фирмите што, според Центарот, е мал процент на обжалени постапки за јавните набавки од страна на компаниите од три проценти.

Целиот извештај може да се најде на веб страницата www.ccc.org.mk.

Би можело да ве интересира

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Горан Наумовски

Ослободителна пресуда за Канческа Милеска во „Тендери“

Пресудата за „Тендери“ ќе биде објавена на 12 мај

Ана Ололовска