Центар за јавно здравје – Кочани: Обезбедени 2.400 вакцини

Од:

Центарот за јавно здравје – Кочани кој ги покрива и општините Виница, Македонска Каменица, Делчево, Пехчево и Берово ги обезбеди потребните количини вакцини против сезонски грип.

– Дистрибуцијата е завршена денеска и вакцинацијата ќе почне од утре. Од расположливите 2.400 вакцини најмногу се наменети за жителите на Кочани вкупно 900, за општините Делчево и Македонска Каменица 500, Виница 450, Берово 350 и за Пехчево 200 вакцини, рече денеска на прес-конференција директорот на Центарот за јавно здравје – Кочани, Магдалена Манасиева.

Таа посочи дека интересот за вакцинација против сезонски грип е голем. Цената на вакцинацијата против сезонски грип изнесува 400 денари.

Би можело да ве интересира

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он