Центар: ВМРО-ДПМНЕ упорно се прават слепи за проектите на градоначалникот Жерновски

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ упорно се прават слепи за проектите на градоначалникот Андреј Жерновски. Обвинувањата дека хигиената во општината не се одржува се лити и неосновани.

Андреј Жерновски го формира проектот “Еко бригада”, за кој беа набавени нови 8 машини за собирање смет, цистерна од 8м3 за миење на улиците, зглобни цистерни од 1 м, машина метачка, како и сезонска машина за дување лисја и за чистење на патеките од снег.

Проектот “Еко бригада” интервенираше на повик на граѓаните во секое време и на секое место, во текот на неделата и викендите. Извршени беа повеќе поголеми чистења на делови што ги посочија граѓаните и други места каде секојдневно се одржува хигиената.

Советникот Сашо Трпевски наместо напразно да прашува треба да знае дека машините кои секодневно ги чистат улиците секако придонесоа за подобрен имиџот на општината.

Зачудува како советникот на се осврна на катастрофалната состојба со контејнерите со Центар, чие одржување е во ингеренции на нивниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, односно јавното претпријатие “Комунална хигиена”.

Убедливо најголемиот број на поплаки доаѓаат токму поради затрупаните и преполни со смет контејнери низ скопските улици.

Да напоменеме дека за еден месец исчистени беа 32 депонии, а исчистен беше и каналот во мало Курило во населбата Водно, каде што беа поплавени повеќе куќи од невремето што го зафати Скопје лани летото. Брзата интервенција на општинските служи и новата механизација ја испумпаа водата која можеше да предизвика многу поголеми штети.

Каналот не беше исчистен 40 години и од него беа извадени 30 тони шут и ѓубре.

Гледајќи ја судбината на семејствата од ризично загрозените региони во истото невреме граѓаните ја препознаа работата на градоначалникот Андреј Жерновски. Градоначалник на кој приоритет му беа граѓаните, нивните потреби и интереси“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец