Цементарница УСЈЕ: Неосновани, неточни и целосно паушални се обвинувањата дека сме „најверојатно најголем индустриски загадувач“ во Скопје

Од:

Неосновани, неточни и целосно паушални се обвинувањата дека Цементарница УСЈЕ АД Скопје е „најверојатно најголем индустриски загадувач“ во Скопје. Ова паушално тврдење без никакви докази е крајно несериозно и не служи никому, а најмалку оди во прилог на решавање на состојбите со амбиенталниот воздух во градот.
Секоја година во текот на зимските месеци, УСЈЕ е неосновано напаѓан од страна на политички партии, невладини организации и други ентитети без никакви аргументи. Ние разбираме дека во отсуство на било каква акција од страна на сите релевантни страни најлесно е да се обвини компанијата и на тој начин да се дефокусира јавност од вистинските проблеми и можните решенија. Сепак од сите чинители и институции кои претендираат да бидат сериозни и темелни во својот пристап кон предизвиците и можните решенија очекуваме темелен, експертски и издржан пристап наместо популизам кој не води до изнаоѓање на решенија, се вели во реакцијата на Цементарница УСЈЕ.

Од компанијата додаваат дека УЈСЕ како одговорна компанија е отворена за соработка со сите заинтересирани страни, а секој граѓанин, организација или институција може да ја посети компанијата и да ги добие сите релевантни податоци. Покрај тоа, УЈСЕ е единствена компанија во земјата која редовно ги испраќа податоците од мерењата до сите медиуми и невладини организации, меѓу која и организацијата која изнесува паушални и неосновани тврдења. Овие податоци ја покажуваат фактичката состојба.

Иако многу пати сме ги изнеле фактите, во интерес на јавноста ќе потсетиме дека:

„УСЈЕ има Интегрирана еколошка А дозвола, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Согласно оваа дозвола УСЈЕ има обврска да врши 24 часовен мониторинг на индустриските емисии. За таа цел имаме инсталирано систем од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од овластени независни надворешни компании на сите точки кои се точно утврдени од надлежните институции.

• Се прават дополнителни контролни мерења што ги вршат независни лаборатории, а резултатите од овие мерења повторно потврдуваат дека нема отстапки од законски дозволените лимити.

• Компанијата ги користи најдобрите достапни техники во производството и технологијата која се применува во УСЈЕ е идентична со било кога друга цементарница во ЕУ.

• УСЈЕ е единствен индустриски капацитет во државата со високо ефикасен комплексен систем на вреќесто филтрирање, каде во еден филтер има по најмалку 3000 вреќи кои ја запираат прашината и други емисии и ги враќаат во производниот процес, како составен дел од финалниот производ. Производствен процес при кој материјалот има температура од 1500 C°, а температурата на пламенот е 2000 C° и оксидациони услови на кои, според хемиска закономерност, нема опасни емисиони остатоци.

• Цементарница Усје има дозвола за користење на алтернативни горива од 2013 година, а оваа дозвола се однесува на користење на не опасни фракции од отпад, како што се лушпи од ориз, кафе, текстил, хартија, картон и композитни материјали. УСЈЕ е единствена компанија која инвестирала во технологија која може како гориво безопасно да користи оризова арпа, ткаенини и друго. Истите сега се спалуваат по полињата во државата или непрописно се депонираат. Користењето на овие алтернативни горива во моментот е околу 5% од вкупната количина на енергенси кои се користат во компанијата.

• Користењето на отпад и преработки од отпад како алтернативно гориво во цементната индустрија е светски потврдена праска коjа се применува повеќе од 50 години во ЕУ и САД. Во моментот над 40% од енергенсите што се користат во цементната индустрија во ЕУ доаѓаат од алтернативни горива кои потекнуваат од отпад. Имено печките во цементарницата работат на температура од над 1500 C°, каде има целосно согорување и овој процес е целосно безбеден за животната и работната средина и за пошироката заедница.

Ги повикуваме сите засегнати страни да го напуштат принципот на неосновано напаѓање на одреден субјект, а наместо тоа да се фокусираат на конструктивни решенија. УСЈЕ останува посветен и одговорен субјект и ги повикува сите заинтересирани страни да ја посетат компанијата и да се запознаат со сите процеси кои се одвиваат во неа“, се вели во реакцијата на компанијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Владата нема проблем со дислокација на УСЈЕ, но за загадувањето треба системско решение, вели Мицкоски

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

ВИДЕО: Исмаил побара министерството да ја одземе интегративната дозвола на ТИТАН УСЈЕ

Зошто не ја одземете дозволата на УСЈЕ, Муамет Хоџа: Ќе одговорам писмено, еден ден сум министер

Левица: Облаци црн чад од оџаците на цементарница УСЈЕ – нема реакција од надлежните

А1он