Царовска во Македонски Брод: СДСМ е партија која што препознава родова еднаквост и економски ги јакне жените

Од:

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска и кандидатката за пратеничка од Македонски Брод, Анета Симеска Димоска денес во двор на семејна куќа во Македонски Брод се сретнаа со преставничките на Форумот на жените од оваа општина.

Царовска ги повика жените да гласаат за СДСМ независно за кого традиционално гласа нивното семејство, бидејќи Социјал-демократскиот сојуз е опција која што обезбедува слобода и демократија.

„Изминатиот период како Влада донесовме најлиберален Закон за прекинување на абортусот. Волјата на жената е најважна и таа сама одлучува за своето тело. Донесеме вистински вредности во општеството и ги јакнеме жените економски. Во сите програми за финансиска поддршка на бизниси жените се застапени со 50%. Со ваша поддршка ги продолжуваме реформските процеси за социјална и праведна држава. Време е за 50-50, за силни жени кои рамноправно учествуваат во создавањето на силно општество“, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус