Царовска: Со навремено препознавање на ризикот, можат да се спречат убиствата на жените од интимните партнери

Од:

Убиствата на жените предизвикани од семејно насилство може да се спречат со навремено препознавање на ризикот, за што е потребна посветена меѓуинституционална работа. За таа цел, по ратификувањето на Инстанбулската конвенција, Владата почна со усогласување на законодавството, воведување на управување со случаи и отворање шелтер центри за лица жртви на семејно насилство. Ова го изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска која денеска присуствуваше на презентацијата на Аналзата на случаи на фемициди-убиства на жени во Македонија, подготвена од Националната мрежа против насилство врз жените и семејсно насилство со поддршка од УНДП.

Според анализaта, над од 80% од жените во Македонија се убиени од интимни партнери или машки членови на семејството.

„И покрај ваквите податоци во Македонија фемицидот не е препознаен како посебно кривично дело во Кривичниот законик и се регистрира како секое друго убиство. Затоа, ова не е прашање и одговорност на само една институција, туку е национално прашање кое треба да иницира менување на Кривичниот закон и носење на закон за родово базирано насилство“, изјави министерката Царовска.

Царовска истакна дека Министерството за труд и социјална политика ги направи првите чекори во борбата против родово заснованите убиства, иако државата е на самиот почеток на овој процес. Во изминатата година и половина МТСП повторно ги активираше четирите регионални центри за лица жртви на семејно насилство во Скопје, Кочани, Битола и во Свети Николе, а ја прошири и дејноста на Центарот за лица жртви на трговија со луѓе и со жртви на сексуално насилство, каде што згрижувањето трае до 6 месеци.

Во соработка со граѓанскиот сектор, во функција се ставени Центар за лица жртви на семејно насилство, Кризен центар 24/48 часа и Национална мобилна СОС линија. Министертвото инвестира и во објект каде ќе биде сместен Центар за советување на жртви на насилство во Општина Куманово. Исто така, отворени се центри за жртви на сексуално насилство во состав на здравствени установи во Куманово, Тетово и Скопје.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена