Царовска: Се залагаме за едно општество за сите

Од:

Унапредување на правата на ЛГБТИ лицата во Македонија, но и во земјите од Западен Балкан е тема на Првата регионална конференција за правата на ЛГБТИ која се одржува во Скопје од денеска до 6 октомври.

Како дел од конференцијата се одржа и министерски состанок на кој освен министите за труд и социјална политика и за здравство Мила Царовска и Венко Филипче присуствуваа и министри од ресорни министерства од Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На состанокот беа разменети искуства за активностите со кои треба да се обезбеди поправедно и послободно општество за ЛГБТИ. Исто така, беше договорено да продолжи работата на регионалната интервладина група за ЛГБТИ и Македонија да биде прва земја претседавач.

– Заложбите на македонската Владата се да создадеме едно општество за сите, во кое секој ќе има еднаков пристап до образование, вработување, здравство и заштита од било какво насилство и во ова имаме напредок изминатата година. Подготвивме нов закон за заштита од дискриминација кој е во собраниска процедура и во кој се вклучува сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација и истите ги санкционира, но и ја ратификувавме Истанбулската конвенција, истакна на отворањето на конференцијата, министерката Царовска.

Биљана Гинова, ко-претседавачка на ЕРА, организатор на конференцијата, рече дека се радува што во Македонија се одржува еден ваков настан, но и дека се надева оти ваквите можности за дијалог и безбеден простор ќе станат сè почести и ќе се креираат во сите земји од регионот.

– До пред скоро две години државата беше најголемиот извор на хомофобија и трансфобија, а вчера бевме гости на прием организиран од две министерства, го одржавме и годишно собрание на ЕРА во просториите на Парламентот, а денес имаме министерски состанок чиј домаќин е Министерството за труд и социјална политика, а каде владините претставници од повеќе земји од регионот дискутираат како да се креираат послободни и поправично општества за ЛГБТИ луѓето во земјите од Западен Балкан и Турција. Ги поздравувам позитивните чекори преземени во изминатата година, изјави Гинова.

Македонија е единствена држава во поширокиот регион која има Интер-партиска парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Во фаза на донесување е и на акциски план со кој треба да се имплементира Истанбуласката конвенција која многу значи за унапредувањето на правата на ЛГБТИ лицата, но и сите други маргинализирани групи граѓани.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија