Царовска повика училиштата да ги исполнат обврските од договорот за државната матура

Од:

Откако Средношколскиот сојуз вчера реагираше дека во некои училишта не се почитува договорот со Владата за државната матура, министерката Мила Царовска денеска повика секое училиште да ја исполни обврската за интерните испити и соопшти дека Министерството, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар ги завршиле нивните обврски.

-Најголем дел од училиштата ги објавиле интерните испити, останатите се во рок да ги објават и повикувам да се исполнат договорените елементи од матурата, рече Царовска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето сензорна соба во ОУ „25 Мај“ во Гази Баба.

Соопшти дека од наредната учебна година во училиштата ќе бидат ангажирани повеќе од 400 образовни асистенти за работа со ученици со посебни потреби, кои ќе бидат платени директно од буџетот на МОН преку општините. Во Законот за наставници, кој е во процедура во Собрание, образовните асистенти добиваат звање соработник или можност за вработување во ресурсните центри т.е. специјални училишта кои треба да ги опслужуваат редовните. Во моментов се спроведува обука за обучувачите на асистентите, а се направени и стандарди и правилникот за да почнат со работа од учебната 2021/2022 година.

Царовска информираше и дека интересот на наставниот кадар од прво до трето одделение за вакцинирање против КОВИД-19 е во согласност со очекувањата.

-Одѕивот воопшто не е лош, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека по завршувањето на оваа учебна година, во текот на летото ќе разговараат со Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство за моделите на кои ќе се организира наставата од септември.

Би можело да ве интересира

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Ана Ололовска

Над 20 пораки за насилство стигнале на мејл адресите на МОН

Горан Наумовски

Шаќири: Во текот на наредните денови ќе се достават свидетелствата, Бирото ги заврши сите постапки

Горан Наумовски

МОН: Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година

Горан Наумовски

Шаќири: Училишните педагози и психолози да се фокусираат на менталното здравје и добросостојба на учениците

Ана Ололовска

Шаќири за тендерските услови на учебниците: Постапките не ги одлучува министерот, се почитува Законот за учебници

Горан Наумовски