Царовска на доделувањето на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики во 2017 година

Од:

На Десеттата јубилејна манифестација на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, на која беа доделени наградите за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за 2017 година, покрај Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, министерот за економија, Крешник Бектеши, Амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, се обрати и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Министерството за труд и социјална политика е иницијатор на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата, формирано во 2007 година во рамки на Економско социјалниот совет, но со проширен состав во кој се вклучени стопанските комори, експерти, владини и граѓански организации, медиуми итн. Царовска посочи дека ја поддржува работата на ова тело, кое дава можност за проширен и отворен социјален и економски дијалог.

Според неа, преку развивање и примена на концептот на општествена одговорност, Република Македонија ќе биде поблиску до достигнување на целите за одржлив развој 2030. Тоа не е само универзален сет од цели кои треба да се постигнат во наредните 13 години, туку значат и поттик, стимулирање на дијалог, партнерство и заеднички активности на граѓани, групи, организации и институции, чија заедничка работа на различни цели ќе влијае на развојот на општеството.

Во своето обраќање Царовска, исто така нагласи дека Министерството за труд и социјална политика е отворено за соработка со македонските компании, кои во своето работење препознаа можност за вклучување во промените во општеството.

Би можело да ве интересира

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор