Царовска: На 15 јули гласајте за СДСМ за да продолжиме да вложуваме во децата кои се највредното богатство на државата

Од:

Носителката на листа на пратеници од ИЕ1 Мила Царовска вчера вечер на маалска средба со граѓаните од Општина Карпош истакна дека децата се највредно богатство на државата и најголемиот потенцијал за иднината на државата, затоа владата предводена од СДСМ изминатиот период вложуваше во искоренување на детската сиромаштија и со социјалната реформа економски ги јакнеше семејствата.

„Дозволете ни да продолжиме да вложуваме во децата. На 15 јули излезете и гласајте за иднината на нашите деца. Заедно можеме многу повеќе и многу подобро. СДСМ е партија којашто се грижи за децата од ранливите семејства кои беа заборавени во општеството. Тоа е погрешно. Затоа што тие имаат еднаков потенцијал да ја водат понатаму нашата држава, да вложат во нашата држава ако ние доволно вложиме во нив. Затоа што не знаеме во секое дете каков талент се крие“, рече Царовска.

Царовска истакна дека е зголемен опфатот на деца коишто користат образовен и детски додаток, за да ги направиме подеднакви шансите за старт и успех на секое дете.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема