А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Царовска: Мерката „трето дете“ не се укинува за сите кои го оствариле правото досега

by А1он29/11/2018 - 17:42294
Share0

Мерката „трето дете“ не се укинува за сите кои го оствариле правото досега и за оние кои ќе го остварат правото во наредните 10 месеци по носење на законот за да можат да го родат детето што веќе е зачнато. Тие ќе го остваруваат правото уште 10 години по стариот закон, рече министерката за труд и социјална полтика Мила Царовска одговарајќи на прашање на пратеникот Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската седница.

Добивај вести на вибер

Во контекст на тоа, Царовска појасни дека по имплементација и завршување на стариот закон ќе се интервенира само до единечна исплата за прво, второ и трето дете, затоа што тоа, како што додаде, е доволна стимулација што е без материјален цензус.

-Наместо на богатите да им даваме осум илјади денари, независно од нивните примања за да родат трето дете, парите ги насочуваме кон сиромашните и тоа е дел од владината програма. Сметам дека само таква политика може да доведе до намалување на сиромаштијата во нашата држава од една страна, а од друга страна како министерка сум подготвена да дискутирам за тоа што Македонија нема демографска политика. Вие ниту направивте, ниту воведовте демографска полтика, а тоа бројките го кажуваат и затоа сите заедно со национален консензус треба да донесеме нова политика за демографија, која на долг рок ќе ги даде ефектите во рамки на наталитетот за наредните 15 години, рече Царовска.

Наталитетот во времето на ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна Царовска, драстично опадна и по воведувањето на мерката „трето дете“. Според податоците наталитетот во Македонија во 2010 година бил 11,8, а во 2017 година 10,5. Вашата мерка имаше можност 10 години да се имплементира, но не даде резултати. Па ако одредена мерка не дава резултат тогаш таа треба да се трансформира, да се измени и да се воведе нешто ново што ќе даде ефект, посочи Царовска.

Ние, како што рече министерката, токму затоа тргнавме оваа мерка да ја трансформираме како стимулација за прво, второ и трето дете, а на сиромашните да им ги дадеме правата што им следуваат.

mtsppratenicki

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:55

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

Горан Наумовски15/04/2024 - 11:44

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Горан Наумовски21/02/2024 - 14:15

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски30/08/2023 - 12:3330/08/2023 - 13:54

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:16

Стефковски: Тренчевска ја врати разрешената директорка

Ана Ололовска26/05/2023 - 20:58
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен