Царовска избрана за ко-претседавач на 10. Европски регионален состанок во организација на Меѓународната организација на трудот

Од:

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска е избрана за ко-претседавач на 10-тиот Европски регионален состанок во организација на Меѓународната организација на трудот, во Истанбул, Турција, кој започна денеска и ќе трае до 5 октомври.

Eвропскиот регионален состанок се одржува на секои четири години и на него учествуваат трипартитните конституенти – влади, работодавачи и работници од 51 земја. Состанокот е со цел да се разменат ставови за клучните економски и социјални прашања во овој дел од светот, како и заради утврдување на регионалните приоритети на Meѓународната организација на трудот.

Дискусиите во рамките на десетиот регионален состанок ќе бидат фокусирани на носителите на промени, на можностите и на идните импликации во областа на трудот во европскиот регион, а министерката Царовска ќе учествува на неколку сесии предвидени во рамките на овој состанок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Автобус удри во станица полна со луѓе: Има многу повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силен земјотрес во близина на Истанбул, граѓаните во паника бегаа на улица

По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Македонски туристи со страв се враќаат од Истанбул – автобусот само што не се запалил

А1он

Македонски туристи со часови заглавени во Истанбул поради расипан автобус

Катерина Ѓуровски

Денеска уште еден силен земјотрес регистриран во Истанбул

Горан Наумовски