По 22 часа и преспивање во расипан автобус, македонските туристи уште се враќаат од Истанбул

Од:

Македонски туристи кои синоќа заглавија на сред автопат во Турција со автобусот на агенцијата „Ганиќ ексклузив“ дури во 9 изутринава го продолжија патот кон Скопје. По нив дури денеска дојде комбе за да ги пренесе во Македонија. Доцна синоќа тие застанаа на уште една пауза, зашто автобусот постојано прегреваше, па мораа да застануваат цело време за да има време да се излади моторот и да можат да го продолжат патувањето кон Скопје. Дури по 22 часа продолжија кон Скопје, и сеуште не се стигнати во моментов.

Патничка во автобусот за А1он синоќа раскажа дека најпрво 5 часа чекале во Истанбул да тргнат, механичарите кои се обиделе да го поправат автобусот рекле дека не е во ред возилото, и ќе мораат полека да возат кон Македонија.

Дел од патниците, меѓу кои има и деца, но и пензионери, се јавиле кај сопственикот на агенцијата, кој им рекол дека нема никаков проблем со автобусот.

Ароганцијата на сопственикот на туристичката агенција кој им спуштил телефон создаде дополнителен револт кај патниците кои не се чувствуваа безбедни и се молеа здрави и живи да стигнат во земјава.

Во организација на истата агенција „Ганиќ ексклузив“ и „Идеал травел“, само пред три месеци, група македонски туристи кои продолжениот викенд избраа да го поминат во Истанбул беа заглавена со часови во турскиот град и чекаа со часови автобус да се вратат во Скопје. Една од патничките за А1он сведочеше дека шест часа го чекале автобусот кој требало да ги земе во 13 часот.

Проблемите на патувањето се појавиле уште на одење кон Истанбул кога се расипал автобусот со кој тргнале. Чекале повеќе од четири часа за да дојде турски автобус и да ги однесе до хотелот.

Поголем хаос настанал за кога било закажано враќањето. Бидејќи автобусот уште бил во дефект, целата група, буквално на улица чекала транспорт за кон Македонија, сведочеше патничката.

Би можело да ве интересира

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Земјотрес со епицентар во скопското подрачје

Предраг Петровиќ

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

Определен притвор од 30 дена за возачот на камион кој удри во патничко возило и усмрти четворица

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси

Фрчкоски: Тендерот за автобусите пропадна затоа што бил местен за 12 милиони евра повеќе

Предраг Петровиќ