Царовска: Ги повикувам младите да гласаат за СДСМ, ние сме опцијата којашто ги носи европските вредности во државата

Од:

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ, Мила Царовска вечерва на мини трибина во центарот на Скопје истакна дека социјал-демократскиот сојуз е партија којашто работи на задржување на младите во државата преку обезбедување на подобар животен стандард и развој на услуги. Затоа таа ги повика на 15 јули да издвојат само 15 минути од своето време и да гласаат за СДСМ и коалицијата „Можеме“.

„Младите луѓе сакаат правда, слобода и демократија и тоа го обезбедивме. Денеска сакам да ги потсетам сите млади луѓе и оние од мојата генерација на 15 јули убаво да се сетиме што ни се случуваше цели 10 години и зошто нашата генерација неуморно бараше начин да излезе од државата, и зошто младите содадоа перцепција дека единствено животот е надвор. Ние покажавме дека живот има и тука и дека подеднакво ги почитуваме и младите и возрасните и дека правиме систем во којшто сите ќе живееме квалитетно. Затоа ве повикувам да гласате за СДСМ и европските стандарди да ги донесеме овде“, рече Царовска.

Царовска истакна дека бладата предводена од СДСМ се труди општетсвото да го адаптира на потребите на младите.

„Во претходниот мандат Владата вети Младинска гаранција. Сите не убедуваа дека тоа може да го постигнат само европските држави со европски стандард. Ние успеавме да ја воведеме и не направивме драма околу тоа. Ја вративме довербата на младите луѓе во Агенцијата за вработување, што секако треба да постои во една развиеена земја и преку оваа програма лани се вработија околу 6.000 млади лица. Преку Оперативниот план воведовме обуки за ИТ вештини се со цел да ги обучиме младите за повисоко платени работни места. За да сакаат да останат во државата и да продолжат да работат. Воведовме и младински додаток. Сега имаме околу 6.000 млади лица вработтени во реалниот сектор коишто секој месец покрај месечните приходи од државата добиваат дополнителни 3.000 денари директно на нивните сметки. На овој начин ги поттикнуваме младите да работат во реалниот сектор“, рече Царовска.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он