Царовска до учениците: Младите и децата се наши партнери, заедно ќе создадеме подобро образование

Од:

Министерката за образование и наука Мила Царовска по повод Меѓународниот ден на децата, одговараше на прашања на владиниот онлајн состанок којшто го презедоа и водеа учениците и младите.

Царовска, како што информираат од МОН, на вебинарот истакна дека шесте теми: квалитет на предавањата, менталното здравје нa децата, еко настава, онлајн наставата, учење вештини наспроти мeморирање на факти и инклузивно образование, се делови од образовниот систем кои што со години недостигаат, а за кои Владата и министрите веќе посветуваат огромно внимание.

– Ние возрасните сме овде за да го слушнеме гласот на сите ученици и млади во државата. Оваа влада е посветена на воведување на системи кои се одржливи и кои ќе даваат резултати. Тоа го правиме и во промени на наставните програми за основно и за средно образование, и во јакнење на инклузивното образование и во јакнење и вложување во наставниот кадар којшто е многу важен во целиот образовен процес и преностот на знаењето кон учениците, рече Царовска.

На ниво на држава, посочи таа, онлајн наставата се одвива успешно за најголемиот дел од учениците и во моментот околу 8.000 ученици во цела држава следат настава преку телевизија или со достава на материјали и е за неколку пати помала од првичната проценка од 40 илјади ученици дека се без ИТ уреди.

– Училиштето е место каде што не само учиме, туку и создаваме граѓани. Затоа ќе ги отвориме училиштата децата да поминуваат повеќе време во нив, освен за настава и за други активности кои ќе ги направат подобри граѓани. На сите овие промени ќе работиме заедно со учениците и младите. За креирањето успешни младински политики ја создадовме работната група МЛАДИ-МОН која ќе биде наш силен партнер во носењето на сите важни одлуки, рече Царовска.

Царовска, стои во соопштението, рече дека на овој ден треба сите заеднички да си честитаме што земјата многу одамна ја има ратификувано Конвенцијата за правата на децата на Обединетите нации, како и дека сите заеднички треба да работиме за унапредување на правата на децата и создавње на свет каков што го замислуваат тие.

На владиниот состанок се обратија и премиерот Зоран Заев, министрите за труд и социјална политика и за животна средина Јагода Шахпаска и Насер Нуредини, ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и преставничката на УНИЦЕФ Патриција Ди Џовани.

Би можело да ве интересира

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов