Царовска: Да создадеме свет каков што замислува секое дете, да обмислиме подобра иднина

Од:

Да создадеме свет каков што замислува секое дете. Да обмислиме подобра иднина. Вреди да ги исполниме детските соништа за искрени детски насмевки, порачува министерката за образование и наука Мила Царовска по повод Светскиот ден на детето.

– Осветлувањето на зградата на Министерството во сина боја е само потсетување на тоа дека сме овде и ги правиме сите напори да обезбедиме подобра иднина за сите деца. Корона кризата е еден вид тест на човештвото. Ни даде можност да видиме до каде сме, да ги потврдиме приоритетите и да тргнеме уште побрзо напред. Да го замислиме светот што сакаме да го создадеме. И тоа треба да го направиме сите заедно. Најважно од сѐ заедно со младите, бидејќи овој свет им го оставаме токму ним, вели Царовска.

Осврнувајќи се на актуелната ситуација со пандемијата, Царовска оценува дека комбинираниот модел на настава е успешен и оти децата се вклучени во образовниот процес, а притоа е заштитено нивното здравје.

Најавува темелни промени во образованието и воспоставување образовен систем кој ќе одговори на потребите на идните генерации.

– Да се фокусираме на развој на когнитивните процеси и на критичката мисла наместо на меморирање податоци. Да ги подготвиме учениците за реалните предизвици кои ги очекуваат, да ги поттикнеме и насочиме да го достигнат својот полн потенцијал. Дигиталната ера нуди безброј можности за надградување на младите, но наша задача е да ги систематизираме во конкретни алатки и да ги ставиме на располагање и на наставниот кадар и на учениците. Го подобруваме пристапот до образование. Ова значи инвестиции во самите училишта, за нивно проширување, модернизирање, за да овозможиме што повеќе деца да имаат што поквалитетни услови, нагласува Царовска.

Важно, според неа, е и јакнењето на наставниот кадар бидејќи, како што вели, потребни ни се посветени и мотивирани наставници.

Би можело да ве интересира

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов