Царина проверува кој и колкупати го пропуштил автобусот без лиценца преку граница

Од:

Царината од утрово прави внатрешна контрола за тоа кој го прошуштил автобусот на „Беса транс“ кој бил без лиценца на граничниот премин „Деве Баир“. Ова доаѓа откако вчера Министерството за транспорт и врски кажа дека превозникот не го регистрирал ова возило кое целосно изгоре, а во него животите ги загубија, според неофицијалните инфорамции, 45 патници.

„Од рано утрово, Секторот за професионална одговорност на Царинска управа е на ГП Деве Баир со цел детално да се изврши контрола на постапувањето на превозникот и царинските службеници, согласно надлежностите пропишани со Законот за превоз во патниот сообраќај на денот на излез на предметниот автобус. Предмет на контрола е и постапувањето за конкретниот превозник и возило и во претходниот период на истиот граничен премин“, велат од Царина.

Институциите не знаат колку пати автобусот на „Беса транс“ вршел превоз на патници во и надвор од Македонија. Нема одговор ниту колку пати е направена контрола во компанијата од страна на инспекторатот за транспорт. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кажа дека при излегување од државата, Царинската управа требало да прави редовна контрола при секое напуштање на државата со патници.

„По добиените информации од МВР за опожареното возило, констатиравме дека тоа не било пријавено и поради тоа го нема во базата на Министерството за транспорт и врски. Превозникот е должен веднаш, а најдоцна за 15 дена сите промени настаните во поглед на исполнување на условите, тоа е пријавување или одјавување на возило или возач“, кажа Бочварски.

Би можело да ве интересира

Европратеникот Илхан Ќучук го посети ОУ „Исмаил Ќемали” во Чаир

Ана Ололовска

Филипче: Двајцата пациенти се стабилни, хоспитализирани на Пластична хирургија

Ана Ололовска

Бугарска министерка: Пожарот во македонскиот автобус е многу чуден, почнал многу брзо

Ана Ололовска

Двајца од повредените во автобуската несреќа денеска се транспортираат во Македонија

Мери Јордановска

ДНК-анализите, изјавите од сведоците и документацијата за автобусот се предадени на бугарското обвинителство

Мери Јордановска

Османи за бугарската НОВА: Тоа што се случи покажува дека сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

Ана Ололовска