Цановски: Претседателе „заборавивте“ да ја помилувате Емел Рамковска, жртва на монтиран политички случај

Од:

Сефер Цановски на својот фјесбук профил му се обраќа на претседателот Иванов, кој, иако помилува 174 осуденици и оваа година остави во затвор неколку жени, меѓу кои и Емел Рамковска, ќерка на Велија Рамковски, која веќе 5 години е во затвор.

Цановски пишува:

seferstatus

„Почитуван претседателе,

Помилувани се многу лица кои сториле убиства и други тешки кривични дела и секоја чест за тоа што сте ги помилувале , ќе израдувате многу семејства.

Но жал ми е што сте ги “заборавиле”и неколку жени од случајот пајажина вклучувајќи ја и Емел Рамковска мајка на 3 деца која за наводен финансиски криминал доби 6,5 години затвор од кои 5 ги има одлежано.

Овој чист политички монтиран случај ги остави веќе шеста година овие мајки да не можат да ја слават новата година со своите малолетни деца.

Им ја честитам новата година на сите освен вам. А на сите невини жртви кои поминуваат во затвор многу тешки мигови од нивниот живот им посакувам да истраат бидејќи правдата ќе излезе на виделина за многу брзо време“.

Би можело да ве интересира

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски

Иванов: Се исполнува визионерскиот став на Кисинџер дека за конфликтот во Украина кога тогаш мора да почне дијалог

Горан Наумовски

Ќе воскресне ли аболицијата од Иванов – скопски адвокат поднел барање до Врховен

Анита Петровска Рајковиќ

ДКСК: Обвинувањата од Иванов се паушални

Ана Ололовска

Порнешниот претседател Иванов бара од Антикорупциска информација за предметите што се водат за него

Ана Ололовска

Иванов: По ваква изјава на премиер, во секоја демократска земја паѓа владата

Жарко Настоски