Буралиева: Се враќам во Собрание, ќе жалам ако ме исклучат од партијата

Од:

– Не се откажав од пратеничкиот мандат, но, не се откажувам ниту од концептот на партијата. Ќе настапувам опозоциски во Собранието – вели за А1он пратеничката Љубица Буралиева по донесената одлука да ја повлече оставката од пратеничката функција поднесена пред еден месец.

Засега Буралиева нема да присуствува на собраниските седници, но таа работи во нејзиниот кабинет во законодавниот дом, и како што вели, има намера да коминицира со граѓаните.

– Со мојот глас немам илузија дека нешто ќе променам, но, сепак, оној што ме поддржал сака неговиот глас да се чуе. Сметам дека народот нема сили да чека толку долго да падне овој режим. Сепак, жалам што другите пратеници одлучија да не влезат во Собрание. Јас не скршнувам од идејата на партијата и се уште сум нејзин член. Доколку СДСМ смета дека со излегувањето од колосек треба да ме исклучи од партијата, тоа е нејзино право за кое многу ќе жалам. Но, мојата партија има придавка „демократска“, што значи дека можам различно да мислам. Јас не сум од тие партиски војници кои ќе клима со главата и ќе вели „да шефе“ – изјави Буралиева.

Таа потврдува дека постојат притисоци од различни страни.

– Воопшто не станува збор за зародиш на пратеничка група. Нема никаков договор за преструктурирање на идејата за функционирање. Заради гласачите не би смеела да си го дозволам тоа. Јас сум за уривање на режимот, бидејќи не е добро со него. Посакувам да направиме промена за државата, во име на граѓанинот во чие име толку многу зборувавме и го убедувавме. Граѓанинот бара неговиот глас да го артикулираш во Собрание – вели Буралиева.

Љубица Буралиева е трета пратеничка по Роза Топузова – Каревска и Солза Грчева која одлучи да не ја почитува партиската одлука за бојкот на Собранието и да седне во пратеничката фотеља во законодавниот дом.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Марина Димовска избрана за нова генерална секретарка на Собранието

Лефков: Филипче во ковид кризата преговараше вакцини двојно поскапи од вообичаеното

(ВИДЕО) Кузеска: Наместо професионалци и промени како што ветуваше ВМРО – ДПМНЕ, гледаме партизација пред квалификација

Горан Наумовски

СДСМ: ЈПДП со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

СДСМ: Се враќа оградата околу Владата и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску