Бухова: Во Тетово и во Штип 63 лица позитивни на коронавирусот се во домашна изолација, тестирањето продолжува

Од:

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од коронавирусот што се појавија во конфекциските фабрики во Штип и во одредени правни субјекти во Тетово.

До вчерашниот ден од планираните 485 тестирања вработени во петте конфекциски фабрики во Штип, завршени се 100.

„Во Штип се издадени 55 решенија на лица кои се позитивни на коронавирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по однос на контакти“, рече Бухова.

Во Тетово, пак, од планираните 150 тестирања на лица вработени во одредени фирми, завршени се 70.

„Во Тетово, осум решенија се издадени по основ дека се инфицирани со коронавирусот за домашно лекување и самоизолација и 54 решенија по основ на контакти. Напоменувам дека овие бројки кои ги кажав се однесуваат само на позитивните и контактите кои се изолирани во конфекциите и правните субјекти во овие два града. Во оваа бројка не се внесени кластерите во фамилии или другите позитивни лица. Правните субјекти и текстилните фабрики покажаа исклучително почитување на протоколите со што веднаш по појавување на еден позитивен вработен сами престанаа со работа“, вели Бухова.

Таа го повика Министерството за внатрешни работи да врши контроли на лицата за кои се издадени решенија за изолација и за домашно лекување.

Бухова ги демантира информациите кои ги објавиле одредени медиуми, дека конфекциските фабрики во Штип се уште работат.

„Во моментов таму се земаат брисеви од вработените и присуството на вработените е исклучиво врз таа основа“, вели таа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ