А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бухова: Не постои опасност од МРСА за ниту еден пациент на Стоматолошкиот клинички центар

by А1он30/01/2019 - 15:1930/01/2019 - 16:59485
Share0

Не постои никаква опасност за ниту еден пациент кој бил во претходниот период или ќе биде пациент во Универзитски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“во Скопје, затоа што во заботехничките работилници каде работел вработениот, кој е забен техничар и кај кого во отпечаток од раце во Институтот за микробиологија е најдена бактеријата МРСА, се работи исклучиво со заштитни ракавици и има доволно средства со кои се дезинфицираат забните одливци при прием. Во моментот исклучена е секаква можност за ширење на зараза со оваа бактерија.

Добивај вести на вибер

Ова попладнево го изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Бухова, која рече дека преземени се сите неопходни мерки односно се што е пропишано со закон. Посочи дека нивни инспектори веднаш излегле на терен и извршиле вонреден инспекциски надзор.

– Уште во текот на вчерашниот ден кога вработениот ја информирал институцијата за наодот кој го има повеќе не се вратил на работа. Во текот на вчерашниот ден консултирани се и во контакт стапиле членовите на нивната Комисија за интрахоспитални инфекции. Комисијата денеска заседаваше и донесе заклучоци. Нашиот инспекциски надзор ги потврдува заклучоците кои се донесени и кои се наложени и со решение и од наша страна. Пациентот односно вработениот кај кој има изолирано бактерија нема да се врати на работно место, додека не се добие негативен резултат, односно не се докаже дека бактеријата веќе не е присутна, потенцира Бухова.

Појасни дека во текот на вчерашниот ден е извршена вонредна дезинфекција на просториите во Стоматолошки клинички центар, за утре е закажана вонредна дезинфекција од Центарот за јавно здравје Скопје, а во тек е комплетен здравствен преглед на сите вработени во таа јавна здравствена установа.

– Во текот на денешниот ден веќе првите 90 вработени ќе го поминат вонредниот медицински преглед. Нашиот инспектор немаше контакт со вработениот, бидејќи тој веќе е на боледување. За текот на неговата болест, кога ќе спроведеме вонреден инспекциски надзор ќе можеме да дадеме подетални информации. Вонредните здравствени прегледи се наложени и од Комисијата за интрахоспитални инфекции и од ДСЗИ, меѓутоа тие се вонредни и ќе се спорведат на околу 300 вработени. Досега ниту еден од вработените во Стоматолошкиот клинички центар нема никаков симптом, додаде Бухова.

klinickimrsamz

Би можело да ве интересира

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

(ВИДЕО) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника – никој не го санирал две години

Анита Петровска Рајковиќ10/06/2024 - 13:0910/06/2024 - 13:10

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска30/05/2023 - 13:55

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска26/04/2023 - 13:59

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска26/04/2023 - 13:23

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска19/04/2023 - 13:2819/04/2023 - 13:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен