Бугарското обвинителство соопшти првична причина за тоа како се запалил автобусот

Од:

Се работи на сите верзии кои можат да бидат причина за палење на автобусот во кој изгореа 44 патници, но засега, не е утврдена точната причина. Борислав Сарафов, заменик на главниот бугарски обвинител, посочи дека првичното и непотврдено сомневање е дека пожарот настанал по ударот на автобусот во една од банките.

dobivaj vesti na viber

Според неговото објаснување, по ударот на автобусот во една од банкините на патот, тој подолго време се движел покрај неа, поради што е можно да настанал, како што рече „ефект на шмирглање“. Тоа значи дека се исфрлале искри, кои пак, предизвикале течностите во автобусот, а тоа се масла и нафта, да се запалат и лесно да горат. Според неговото објаснување, автобусот имал делови кои лесно се загреале, помогнале брзо да се запали и изгори.

За точните причини, од бугарското обвинителство посочија дека треба да се почека крајот на истрагата.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021